Browsing Category
Што за ручек
Рецепт. КОШМИШПИТЕ на Пирустија Неданоски
За овој вкусен старински рецепт, следете ги инструкциите на Наташа, од Пирустија Неданоски. Во половина литар млеко се раствара една коцка квасец со малку сол и шеќер (по половина лажиче). Во подлабок сад се става килограм бело брашно, едно лажиче сол и еден филџан масло, и заедно со млекото се замесува меко тесто. Тестото се дели на 10 еднакви дела кои се месат во топчиња. Секое топче се расукува во кора, колку што е големината на тавчето. На подмачкано тавче се реди првата кора и таа се попрскува со 2-3 лажици масло и се…
Грав со моркови и ловоров лист
Подготвувањето на грав традиционално е поврзано за петок, и бара трпение од неколку часа. Едноставно е, лесно, и да сакате не можете да згрешите доколку гравчето го искрчкате убаво. Овој рецепт има разлика од класичниот грав со нане и кромид и тоа во вториот дел. Значи, откако ги сменивте водите и гравот е полусварен: земате два-три моркова, ги сечете на тркала, и додавате неколку ловорови листа, за да ви асоцира на Медитеран. Го доварувате гравот, додавате буковец и масло, уште малку варите и веќе можете да уживате во…
Салата со тиквички , пилешко месо, домат и марула
Оваа вкусна салата, што слободно може да се нарече и оброк, е идеална за деновите кога ви се јаде нешто конкретно а лесно, додека сеуште лесно се наоѓаат тиквички и марула. Процедурата е следна- две тиквички се сечат на тркалца, се редат во плех, се наросуваат со сол и малку масло. Додека тие се печат (20-30 минути), вие го печете пилешкиот стек, или било кое друго пилешко месо. Салатата е измиена, исечкана, исто како и доматот. За побогат вкус додадете и врзопче рукола. Откако тиквиците ќе се изладат, месото се сечка на…
Мусака со макарони и тиквички
Рецептот е многу едноставен и многу вкусен, доколку сакате тиквички и босилек, бидејќи тука одат во пар. За да биде навистина убава мусаката, првин ќе ги испечете тиквичките во рерна. Се сечат на тркалца, се редат во плех, задолжително се солат и се наросуваат со масло. Откако ќе бидат готови, ги редите како за мусака- ред макарони (треба да се сварени), сушен босилек, па ред тиквички и повторно босилек, се додека не се потрошат, и внимавајте: на врвот треба да се тиквичките, поубаво изгледа кога ќе се сече. Матите четири…
Ѓурговденско мени на Chef Бобан Симоновски
Популарниот Chef Бобан Симоновски, чие искуство и креации на чиниите се белег на престижните ресторани и хотели кај нас, за Ѓурговден го предлага следното мени. Плескавица во јагнешка марамица Потребно е: путер, праз, сува пиперка, 200 гр јагнешко месо, 1 јајце, лук, сол, биер, масло. Во тава со масло и путер пржиме ситно сечкан праз и сува пиперка, потоа додаваме малку бело вино и пржиме додека не испари. Во меѓувреме јагнешкото филе го блендираме заедно со сол, бибер и мешан сув зеленчук. Месото го спојуваме со празот,…
Адријана Алачки: Ќофте на вода
Во деновиве на пост, Вкусот на традицијата, односно Адријана ви препорачуваат интересен рецепт, ќофтиња со зеленчук. Мерка за сите работи е една иста чаша од 3 дл. Потребно е: 1 чаша варен ориз 1 чаша компир пире ( 2 варени компири испасирани со вода во која се вареле) 1 чаша грашок од конзерва 1 главица сечкан кромид 3 лукчиња 1 праз, ситно сечкан Презла по потреба, околу 5 супени лажици ( малку во смесата а остатокот за препелкање на ќофтето, само од горната страна). Ќофтињата се прават од наведените состојки, се…
Скуша на три начина
Пикантна скуша Потребно е: 4 исчистени скуши, 2 лажички сенф, лук по желба, половина лимон, 2 дл бело вино, 1 китка магдонос, рузмарин, маслиново масло, сол, црн пипер. Рибата наредете ја во тавче, посолете, ставете црн пипер и премачкајте со маслиново масло. Во меѓувреме направете го филот: во посебен сад измешајте сенф, магдонос, рузмарин, маслиново масло, иситнет лук, црн пипер и сок од лимон. Наполнете ја скушата со оваа смеса, а може да ја затворите со чепкалки. Помешајте го белото вино со малку лимон, па полијте ја…
Chef Дејан Карапеев: Лосос со салата од авокадо
Потребно е: 250 гр лосос филети, 60гр авокадо, 20гр кромид, 50гр шери домати, 10мл маслиново масло, 10мл лимонов сок, 5гр сол, 5гр бибер, гранче копар. Лососот го зачинуваме со сол и бибер и го попрскуваме со маслиново масло. Печеме 20 минути во загреана рерна (190 C степени). Во сад ја замешуваме салатата од црвен кромид, авокадо исечкано на полумесечинки и шери домати на четвртинки. Зачинуваме со сол, бибер, копар, маслиново масло и со лимонов сок. Вака подготвената салата ја сервираме над веќе подготвениот лосос.
Недела на италијанската кујна. Рижото со рибизла и козја рикота
Состојки за 4 лица: 280 гр ориз сорта балдо 80 гр путер 80 гр козја рикота 60 мл сок од рибизла 0,3 гр ксантан 10 гр рибизла во прав 1 литар растителен бујон 12 листови од крбулица 25 гр пармиџано 6 гр сол Постапка Во сокот од рибизла се додава згуснувачот ксантан и се мати со рачен блендер се додека не добие желатинозна структура, а потоа се става во шишенце со отвор. Рикотата се мати со маталка за да стане кремаста и мазна смеса и потоа се става во слаткарски шприц. Оризот се застаклува на тава со 20 гр путер, потоа се…
Недела на италијанската кујна. Ориз all’acqua
Состојки за 4 лица: 240 гр ориз 2 л вода 60 гр сушени капери во прав 35 гр цедрат 160 гр планински путер 160 гр Пармиџано Реџано 30 гр шеќер 15 гр гел од лимон 3 гр никулци од сончоглед Постапка: Цедратот се кандира така што се сече на мали коцки и се става под вакуум со вода и шеќер. За гелот од лимон: лушпите од лимон се бланшираат 6 пати (секојпат се започнува со ладна вода), а потоа се блендираат заедно со сок од еден лимон. Каперите се сушат така што се ставаат во плех и се печат во рерна на 180 степени час и половина,…