Browsing Category
Интервјуа
Јуре Бркљача, со триумф од публиката на „Охрид фест“:Чест ми е што победив во земјата на Тоше и Влатко Стефановски
Јуре Бркљача (27), млад музичар од Задар -Хрватска, на Интернационалната вечер на „Охрид фест“ со песната „Не постојим кад ниси ту“ на Мирослав Рус ја освои првата награда од публиката. Со „медитеранот во себе“, топлината во гласот и далматинска непосредност ги освои сите, па вети дека ќе доаѓа почесто. Неговиот музички пат во Хрватска започна на натпреварот „Тhe voice“ во 2015 година, и за само неколку години целиот талент и дарба испливаа на површина. Еве со какви импресии Јуре се врати во својата татковина. По поминати…
Горан Шарац, уметнички директор на Интернационалната вечер на „Охрид фест“: Различни трендови на иста сцена
- Песните што ќе ги чуеме во Интернационалната вечер на „Охрид фест“ го носат печатот и звукот на времето во кое живееме а секако го опишуваат и просторот од каде доаѓаат музичарите - во пресрет на фестивалот не информира Горан Шарац, уметничкиот директор на втората фестивалска вечер. - Секој артист се претставува со песна која го презентира неговиот музички карактер, така што не очекува квалитетна музичка средба. Прва награда на фестивалот на МЕЛОДИИ НА ХРВАТСКИОТ ЈУГ- ОПУЗЕН Како музичар но и како „нашиот“ уметнички…
Дебитантите на „Охрид-фест“- Андреа Коевска и Бојана Арсовска
Со цел за што поголема афирмација на младите „Охрид-фест“ и годинава им дава приоритет и шанса на дебитантите и веруваме дека ова 29-то издание на фестивалот ќе биде многу успешно за многумина. Денес претставуваме две девојки кои за првпат настапуваат на „Охрид фест“: Андреа, добро позната на јавноста и со неколкугодишно музичко искуство и Бојана- на самиот почеток на кариерата. АНДРЕА: Мојата музика повеќе се слуша во странство но поддршката од тука ми е најскапоцена Андреа e артист и автор кој ја освои македонската…
Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на Фолк вечер на „Охрид фест“: 29-то издане со Наум Петрески, Сузе Спасовска, Зуица Лазова, Катерина…
„И годинава Фолк вечер на „Охрид фест“ ја продолжува музичката традиција поткрепена со нашите најдобри пеачи, кои ќе изведуваат песни на докажани авторски тимови- не информира Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на првата, Фолк вечер на спомнатиот фестивал. Подготовките се во тек, се работи под полна пареа а сите музички гурмани, оние што го почитуваат македонскиот мелос нека го запомнат 2 септември, бидејќи тогаш ќе празнува народната песна на фестивалот. „Охрид фест“ со години им пркоси на модерни, современи…
Игор Поповски: Романтично срце и домашно сирење
Искрено кажано не очекував дека човекот што ги прави најпосебните, (во продолжение ќе видите и зошто), најдобрите млечни производи кај нас, Игор Поповски, сирењата ќе ги поврзе со романтиката цитирајќи го Ентони Бордејн, најголемиот авантурист меѓу готвачите: „Ти мора да си романтичен, за да се вложиш себе си, своите пари и своето време во сирењето“. Всушност, во целиот сеемен бизнис со сирењата и кашкавалите има нешто од романтиката „а ла Бордејн“- да успее на непознат терен, да стане фармер и градската, Битолската средина…
Кики Лесендриќ на „Охрид фест“: Моите песни мирисаат на вистина, затоа траат
Кики Лесендриќ, една од иконите на српскиот рокенрол звук во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, ќе настапи на Интернационалната вечер (3 септември) на 29-тото издание на „Охрид фест“. Евергрините „Свет је леп када сањамо“, „Заборављени“, „Као птица на мом длану“.., ќе ја потсетат македонската публика на нежните балади и специфичната боја на гласот на Лесендриќ. Кики, каде ве наоѓам моментално, и што вообичаено правите во овој летен период? - Моментално сум на Санторини во Грција, но бргу се враќам за Белград, па…
Страшко Милошевски. Најубаво е да се насладуваш од убавите глетки, доживувања и луѓе со иста или слична животна филозофија
Да постоеше училиште за животот, верувам дека Страшко Милошевски ќе држеше неколку катедри. Логично, бидејќи трансформациите на животот и поучните слова тој ги прифаќа со раце ширум отворени, па за своите духовни раѓања вели: „... прв пат сум роден од мојата мајка, втор пат кога од петстотини метри под земја преку тунелот во рудникот Злетово излегов на светлината и се запишав на Факултет за драмски уметности, трет пат како нов човек по дипломирањето, четвртиот пат се родив со запишувањето на Теолошкиот факултет во Скопје и…
Валентина Митрова: Нашата семејна приказна за неговото височество -тартуф, вградена во брендот ТУФ
Доколку ги сакате тартуфите, ако сте навлечени на нивната арома, миризба, можеби ќе ве инспирира приказната на Валентина. Имено, семејството Митрови се пионери на тартуфарството кај нас што резултираше во создавањето и етаблирањето на брендот ТУФ, кој во себе ги спои љубовта кон планините, кучињата и љубопитството поврзано со желба за иновации. Таа сплотеност трае 12 години и во континуитет преку најразлични и највкусни производи со свежи и сушени тартуфи. Всушност, што и да помислите на темата- тартуфи, во која и да е…
Интервју. Љупчо – Бубе Петрушевски, стилист: Мојата професија е мојот живот
Бубе е познат градски лик: омилен фризер или ако сакате- стилист, кој својата биографија ја темели врз претпознатлив стил, насмевка што разоружува и навистина ведар дух. Скоро и да не постои лик од јавниот живот кој не е на „ти“ со Петрушевски, сеедно дали се политичари, актери, пејачи, луѓе од бизнисот.., сите тие го создаваа и негуваа имиџот кај Бубе. Искачувањето траеше со години, и во тоа интересно животно патување, херојот на ова интервју направи име што моќно го вгради во неговиот фризерски салон. Повеќе од две децении…
Ивана Симјановска: Доброто вино ја има магичната способност да го каже она што го молчиме
Ми се допаѓа констатацијата за постоење на две логики: математичка и дијалектичка, затоа што се останато е женската логика. Во тој контекст ќе ја парафразирам Ивана Симјановска, која вели дека фактот што му припаѓа на светот на виното, на луѓето им делува интригантно. Добра логика, бидејќи упорноста, виното и храброста се неопходни алатки за поправање на светот. Да, виното може да ја смени реалноста, констатира мојата соговорничка, авторката на првиот Водич Slow Wine, вински судија, критичар, дегустатор.., и жена со „добар…