Browsing Category
Интервјуа
Борис Павлов, холистички тренер: Идејата за судбина е изговор за сопствениот дефетизам и неуспех
„Животот ни гарантира дека ќе искусиме се: радост и тага, добивка и загуба, светлина и темнина. Од ништо нема да бидеме скратени - вели мојот соговорник, холистички тренер Борис Павлов. Иако не го сака зборот „судбина“ вели, тоа е изговор за прифаќање на пораз, без борба. Но поентирањето е во љубовта и прифаќањето: „Одбирајќи да живееме и растеме со љубов, радост и позитивност, стануваме мајстори врз искуствата во животот и тие нема да имаат сила да не скршат и срушат.“ Интервјуто што е пред вас сигурно ќе го препрочитувате,…
Интервју. Благој Маротов: Креативен наплив го имав во карантински денови
Промовиравте две песни во само четири дена, на 29 јули „Роман за нас“, на 2-ри август „Бенг бенг“. Сега, кога можете малку да здивнете, и на раат да изгледате и ислушате се што сте сработиле, какви се вашите впечатоци? Се мери ли со некоја мерка вашето задоволство? - Сеуште сум под импресии, и ги средувам впечатоците од неколкуте настани изминативе денови, промоциите и двете песни беа хит на неделата и се на топ листите на радио Буба Мара. Навистина во краток рок се случија многу работи, па и целото работење на проектите, да…
Д-р Александар Митов: Не постои здрав сувомеснат производ, колку и да е скап
Самите најдобро го создаваме своето здравје, но д-р Александар Митов, м-р по јавно здравје и влијанијата на животната средина, потенцира дека оспособувањето на луѓето врз контрола на истото, е многу важен процес. Едноставно кажано, луѓето треба да се свесни дека пешачењето, лесната храна, овошјето, зеленчукот, течностите и секако размена на енергијата со пријателите..., се работи што му годат на организмот. Во продолжение прочитајте ги советите на д-р Митов: за црното чоколадо, чај, интегрален леб... И покрај тоа што се…
Пријателство. Chef Љубица Комлениќ, гастрономски адут на Новак Ѓоковиќ и Адријана Алачки, сестри по душа
Chef Љубица Комлениќ, жената која се грижи за менито на Новак Ѓоковиќ, во светот на гастрономијата е етаблирана со највисоките признанија и е голем пријател на нашата Асоцијација „ГастроМак“. Врвен професионалец, единствената жена со лиценца WAKS судија, и со Мишелин ѕвезда, Љубица минатата година во Охрид, на четвртото издание на гастрономскиот натпревар „ГастроМак 2019 - Dont worry be Ohrid“, беше дел од меѓународното судско жири. Четири дена таа го надгледуваше натпреварот, најголем на овие простори, со импресивно учество…
Ивана Кнез, дизајнерка: Моето жарче боде очи, и да сум запетлана од глава до петици
Ивана Кнез е заштитен знак на слободата, неконвенционална е, нетривијална и најмалку од се` здодевна. Дизајнерка со раскошен спирит, која од бренд гердан направи бренд од себе, во сите свои животни фази... Пред вас е интервјуто кое гарант ќе го препрочитувате во моменти кога ќе ви снема енергија, и кое на подолг период ќе ви смести убава насмевка на лицето. Особен сензибилитет, сила, енергија, автентичност, лик и зборови што се паметат. И уште- контроверзна дизајнерка со остар јазик, или- без влакно на јазик, ама како што…
Сузана Манчиќ: Смеењето е природен катализатор што јас го поседувам
Сузана Манчиќ, жена за сите времиња, несоница на многу мажи, лик што се памети по убавината и по енергијата...Што уште да се каже за неа? Засекогаш ќе и остана прекарот „лото- девојка“, нејзиниот омилен професионален багаж со кој во осумдесеттите години од минатиот век се вдоми во нашите куќи. За Манчиќ (1956), освен насмевката, се врзуваат уште неколку професии - водителството, актерството и глумата (последен ангажман и беше во ТВ-серијалот „Село гори а баба се чешла“). И денеска изгледа негувано, како што вели -…
Венера Крлиу-Ханџиски, директорката на Американската гимназија: Се радуваме на големиот интерес што го има новата генерација
Здравствената криза предизвикана со коронавирусот значеше и нова сегашност: почеток на онлајн- предавањата. Како се прилагодивте на новите услови и какви се вашите искуства? - Ситуацијата што ја предизвика коронавирусот нѐ пресретна во период на интензивна работа, секојдневни часови и предавања, и неопходно беше брзо да се прилагодиме, со цел учениците да не изгубат континуитет во учењето. За многу кратко време се префрливме онлајн, извршивме обуки, обезбедивме опрема и наставата продолжи преку платформата Webex, во една…
Марина Перазиќ, големата ѕвезда од минатиот век: Со нова килажа како во нова кожа
Блондинката со совршени пропорции, Марина Перазиќ своевремено, поточно во 80-тите години во минатиот век жареше и палеше низ земјата што денес ја нема. Во Југославија „Денис и Денис“ ја слушаа (а, богами и ја гледаа) тогашните тренди девојки и момчиња, кои денес, многу години подоцна, ги знаат хитовите „Програм твог компјутера“,„Ја сам лажлива“, „Соба 23“ ... Марина има живот вреден за пишување книга - во време на најголемата популарност се вљубува и романтично остава се, заминувајќи со својот сакан преку бара. Години на…
Маја Платнар: „Здраво Живо“ е среќа секој ден
За Маја Платнар се врзуваат неколку работи: живата храна, бистрото „Здраво Живо“ и привилегијата храната во својот базичен израз да заштитува од болест. Запознајте се одблиску со оваа храбра и креативна девојка но и со можноста термички необработената храна да се спојува во најразновидни и вкусни рецепти што резултираат со добро здравје и многу енергија. „Само живо дава живот“ - велиш ти, но како целосно би го демистифицирала поимот, жива храна? Нешто како - Збогум на шпоретот и добредојде за блендерот? - Храна која дава…
Интервју. Проф. д-р Марјан Бојаџиев, провост на Универзитет Американ Колеџ: Во секое време посветени на студентите
Опишете ни го концептот за хибридна настава на Универзитет Американ Колеџ Скопје. Во што се состои неговата иновативност? - Генерално гледано, хибридното образование е комбинација од неколку модуси: 1.Синхроно учење - настава во училница 2.Асинхроно учење - користење систем кој го раководи учењето (Learning management System - LMS) и 3.Синхроно учење, настава на далечина преку видео-конференција Пролетниот семестар 2019/2020 почна како настава во училница, поддржана од LMS систем. Професорите и студентите на УАКС веќе години…