Browsing Category
Колумни
Ај фил фуд. Среќна и тажна храна
Чудно време, чудни правила, а најчуден е нашиот, да не речам, мојот мозок, кој меморира, складира и чува и што треба и што не треба. Не ме слуша, тој си е држава сам за себе, си прогласил автономија и деноноќно, како на лента, ги полни менталните фајлови... На пример-биковите се далтонисти, а делфините – шпиони. Зошто? Затоа што спијат со едно око, за разлика од кравите, кои, како луѓето, си ги затвораат очите и знаат да „послипаат“, како и ние. Потоа, си приспомнав дека кучето има 17 коски во уво, а слонот – сто илјади…
Фоивос Деливоријас на Фестивал на грчки филм: Го гледав „Пред дождот“, но сакам да ги слушнам и вашите музичари
Во рамките на Фестивалот на грчки филм и култура на 25 октомври во МКЦ концерт ќе одржи еден од најпознатите грчки музички бендови во последните години. Станува збор за бендот на Фоивос Деливоријас, кој ќе настапи со специјален репертоар со филмска музика од познати грчки филмови. Оваа мошне посебна колекција од репрезентативна грчка музика е всушност придонесот на грчкиот текстописец за грчкиот филмски фестивал и култура 2019 во Скопје. Кои се музичарите со кои ќе настапувате? Се знаете ли одамна и како се оствари…
Ај фил фуд. Slow food салон: Сите вкусови на најјако
Одам пешки кон хотелот „Александар Палас“, уморна сум од претходните гастрономски активности, но за ништо на светот не би го пропуштила првиот „Слоу фуд салон“. Викендот-18 и 19 октомври е резервиран за нив. Искрено кажано, одењето пеш, или- рекреацијата се должи на кризата на идентитетот на октомври. Луѓе, кој видел мај во октомври? Со поглед ги прашувам минувачите и ги развлекувам чекорите радувајќи се на- што би рекол Зилахи- михољското лето. И да не си поет, ќе станеш стихољубец од напливот на оваа убавина. Веќе знам -…
АЈ ФИЛ ФУД. Жал за летото
Иако јавно го замолив летото да не заминува, признавам- го молев, му шепкав да остане - само овој пат, ама, испадна џабе. Молчењето се развлече, немам повратна информација ама имам убава енергија што секоја вечер ја протнувам под ѕвезденото небо. И, сеуште сум со сандали, во куси ракави, затворам очи пред разголувања на дрвјата, сакајќи што подолго да останат зелени... Забележувам ама не признавам, видливо се намалува денот, кај и да е ќе стане како скусен фустан испран на центрифуга, ќе почнат сиви утра, расположенијата ќе…
Илина Ведран, инспирациски говорник и тренер за личен развој: Кога прифаќаме, тогаш допираме до бесконечниот потенцијал каде е веќе сè…
Од Илина Ведран, нашиот познат инспирациски говорник и тренер за личен развој, секогаш може да се чуе нешто ново, големо и моќно што не враќа до она што навистина сме. Токму затоа разговорите со Ведран се инспиративни, и „кревааат“, зборовите и се како природен лифтинг за душата, и токму од овој текст можете да одберете многу мотивациски пораки. Читајте и најдете се себеси. Се раѓаме среќни, љубопитни, позитивни...Што станува со нас во меѓувреме, наместо да е радост, животот станува напорен, неизвесен, на моменти-тежок? Каде…
Колумна. Наде Молеровиќ: Љубовта вели: што да дадам а егото: што да земам
Животот ќе ни биде убав ако умееме да го менаџираме светот околу нас.Колку добро, колку успешно се менаџираме ние, нашите емоции, однесувања и доживувања толку и ќе живееме исполнет и задоволен живот.Всушност треба да сфатиме дека животот бара менаџирање. Колку сме ние оспособени да се справуваме со се она што ни се случува во секојдневието е клучното животно прашање. Ако не сме во состојба да водиме грижа за нашето тело, нашиот ум, како да се справуваме со различни емоции, во ситуации и состојби, како да очекуваме животот…
КОЛУМНА.Наде Молеровиќ: Наместо да гледате што прават и „какви“ се другите, фокусирајте се на себеси
Кога ќе сфатиме дека емоциите си ги предизвикуваме самите на себеси, ќе разбереме многу нешта. Сето тоа е поврзано со креирањето на соствениот живот, и тогаш е јасно дека емоциите се показатели на нашите мисли, на фокусот- што ни е важно, кој ни е важен, на убедувањето, на негативните емоции кои се показател дека не сме во склад со себе. Нашиот поглед на другите луѓе зборува за нас самите. Дали тоа значи дека ако јас во сите луѓе гледам искреност, емпатија, пријател, добра душа, добра намера, значи дека сум таква…
Колумни за душа… Кога немавме интернет: Втори август
Втори август е прекрасен ден. Голем празник. Илинден, ме асоцира на сонце, жетвари и на село Јанче. И на именденот на мојата балдска Илина… Речиси целото детство и добар дел од младоста, Втори август ме разденуваше во нашата камена куќа во ова село. На почетокот на 70-тите години од минатиот век, дедо ми Филип ја купил од некој си Тасе. За лов и риболов. На сред село, на два спрата. Долго ја реновиравме со шперт плочи и слични нешта, а дури и јас, како дете учествував во лепењето на плочките, на подот на кујната. Шах…
Ај фил фуд. Летна гастрономија и почесна позиција
Можете ли да претпоставите која е разликата помеѓу цивилизациите кои пијат виски а не мезат, и оваа нашата, која додека пие - мора да „боцка“. Што е во чинијата и, не е важно, зошто на ова поднебје бујаат рајски плодови- пиперки, домати, краставици.., скоцкани во најубави пакувања- пиперчиња со лук ама и полнети со урда, пинџур, летна манџа, домати украсени со кромид, а предизвик е вилушката да заглави и во парче полномасно сирење. „Блискоста“ на народите, на погореспомнатата тема ја наоѓам на половина пат, таму каде што…
Колумна. Наде Молеровиќ: Мојот начин на справување со „цицачите“ на енергија
Не се уништувај себе си дозволувајќи негативните луѓе да влијаат на твојот карактер, репутација, лични желби и аспирации. Чувај ги сите твои соништа дискретно, не им ги откривај, за да оние со отровен јазик се инфицираат самите себе си со болести. Тие ќе ви ја украдат енергијата, сакаат и среќата, успехот, радоста...ќе сакаат да се чувствуавате несигурни, стресни и помалку вредни. Дали знаете зошто се тие негативни? Затоа што си ја мразат работата? Или затоа што се чувствуваат заглавени во сопствениот живот? Можеби се под…