Browsing Category
Колумни
Ај фил фуд. Дроб- тава, мојот пролетен, празничен адут
Овој специјалитет, деликатес, како ли се не, ме потсетува на безгрижност и на деновите околу најголемиот христијански празник- Велигден. Мајка ми го прави- откако почнав да бројам калории, значи- охохо, одамна. Калоричен е, силен, вкусот го паметите уште долго, ама се јаде еднаш-два пати во годината, па сите „сопки“ дека треба да се одбегнува, едноставно- не важат! Процедурата ми е врежана во сите рамки на созревањето: паметам дека „кошулиците“ се најпроблематичниот дел од сказната. По правило се скинати на неколку места, а…
Ај фил фуд. Храната, прозата и поезијата во времето на корона
Не ми паѓа тешко оваа принудна изолација: го сакам домот, пливам во интерниот космос, ама најважно од се е што станав пријател со мојот мозок. Се поретко, уважениот ми г-дин Мозок, ме саботира, не си тера по свое и не ме носи на непознат терен. На пример, не се прашувам докога ќе трае чудово наречено корона, што ќе донесе, што ќе однесе...Сокрив, потиснав илјада слики и сликички што асоцираат на бесчувствително тормозење на вирусот. Како е - така е, најпосле имам време за заборавените нешта и за мисли кои ме подржуваат.…
Катерина Ангеловска, автор, тренер за личен развој и мотивациски говорник: Душата е извор на животот, грижете се за неа
Живееме во навистина возбудливо време, време во кое на најдлабоко ниво на свеста се случува радикална еволуција. Соочени сме со предизвикот да го замениме стариот начин на живеење, кој не функционира, со нов начин на постоење. Затоа дозволете да ви раскажам една народна тибетска приказна која многу ме инспирираше кога првпат ја слушнав и која одлично се вклопува во она што сега ни се случува. Еднаш, многу одамна, си живеел еден крал кој имал четири жени. Еден ден кралот се разболел и паднал на смртна постела. Плашејќи се сам…
Тања Турунџиева, нутриционист: ЛУК- лек за сè
На еден стар египетски папирус од 15 век п.н.е, на еден од првите медицински прирачници, се наоѓаат дури 22 рецепта со лук: за главоболка, за болка во грлото, и за други телесни слабости. Грчкиот лекар Хипокрит ( 460 до 375 п.не) го препишувал лукот како лек при опстипација, при задршка на течности во организмот и против тумор на матката. Римскиот историчар Плиније ( 1 век н.е) го препорачувал лукот дури против 61 видови на болести. Љубителите на лукот можеме да ги намирисаме оддалеку- поради карактеристичниот здив од устата…
Јулија Мациевска, животен тренер за личен раст и развој, енергетичар и мотиватор: Време е за будење, драги мои луѓе!
Оваа Корона навистина има за цел да не разбуди. Оти, колку и да зборуваме ние, колку и да работиме, индивидуално да се освестуваме, колку и да има на иљадници светлосни работници по светот- кои одамна освестија дека постои нешто многу повеќе, кои со години пишуваат книги, говорат за Бог, за Божествената енергија, за Безусловната љубов, за простувањето, за понизноста, за Божествените закони, за давањето-примањето, за сомилоста, за добрите дела.., и сето тоа е многу одамна нспишано во Светите книги, но човечкото его толку…
Јулија Мациевска, животен тренер за личен раст и развој, енергетичар и мотиватор: Духовноста и религија
Често пати ми се случува, во врска со темите за кои пишувам или ги обработувам во мојата емисија ,,Будење со Јулија“, каде што неминовно се потпирам на Бог, некој да ми каже: И јас постојано одам во црква, многу сум религиозен.“ Кога ќе речам- но, духовноста не значи и религија, тогаш се наоѓаат во чудо и почнуваат да ми објаснуваат се околу обичаите и тоа колку веруваат во Бог и се предадени на религијата, па неминовно ќе се надоврзат на друга религија и тука започнуваат просудувањата - која религија е вистинска. Сите ние…
Ај фил фуд. „Застрашувачки“ манџи и шарени колачиња
Не би сакала да го започнам текстот со: „во моето време...“ Но, сепак ќе се сетам на минатото, за да се насочам на сигурна радост и неизвесна грижа. Во однос на храната, се разбира. Е па вака- во моето време, во минатиот- доста поспокоен век, се знаеше за гурмански, домаќински ред составен од појадок, ручек и вечера... Се почитуваше семејно гугуткање на софра, (еднаш повесело, другпат посериозно), се знаеше за ужинки, овошјето се „танамеше“ без присилби и уцени, напротив. Ех, сокот од лубениците се цедеше според правилата на…
Јулија Мациевска, животен тренер за личен раст и развој, енергетичар и мотиватор: Како и зошто си заминуваме од овој свет?
Луѓето сеуште веруваат и мислат дека се само физичко тело. И покрај тоа што знаењата ни се на дофат, поголем дел од популацијата многу малку или воопшто не сака да го прошири своето знаење, да се едуцира и да стане свесен - кој е, што е, зошто е на овој свет, во овој облик, во ова физичко тело. И- до кога ќе остане во него, зошто е здрав или болен, до кога ќе остане и како ќе го напушти овој свет... Мора да сфатиме дека сме многу повеќе од нашето физичко тело. Ние сме тродимензионални битија и опстојуваме како Ум, Душа и…
Ај фил фуд. Кинеска година на Стаорец, вирусот „Корона“ и пикантна кинеска храна
Деновиве имаме „напад“ на Корона, мистериозен смртоносен вирус што доаѓа од Кина и, ѝ се заканува на планетата земја. Се сее паника, слична на онаа од 2003, кога почна да се шири САРС. Повторно чувство на неизвесност, на сознанието дека сме само прашинка која најлесно исчезнува. Почнува година на Стаорец, по кинески, што ќе донесе - незнам, ама ми се крева косата од самата помисла на нив. На стаорците, де. Овие актуелности се неславен вовед но патоказ и за убавината што доаѓа од Азија, бидејќи светот лудува по кинеската…
Колумна. Наде Молеровиќ: Се додека ни е важно што другите мислат за нас, тие не поседуваат
Луѓето се различни, имаат различни навики, уверувања, различно функцинираат, делат различни вредности, имаат различни желби, интереси и не е возможно да им се допаднеме на сите. Не е нормално да им се допаднемена сите. Би се изгубиле себе си. Тоа треба да си го освестиме сите за да не не растажуваат и фрустрираат туѓите мислења, критики и несоглаувања со тоа што ние го превземаме и правиме. Да се запрашаме себе си, дали и нам ни се допаѓаат сите луѓе кои ги среќаваме? Секако не. Затоа, ако некој има негативно мислење за нас,…