Browsing Category
Што за ручек
Гулаш со пиво
Состојки: 800 г јунешко месо од бут, 3 главици кромид, 50 г сланина, 3 стебленца целер, рузмарин, 1,3 л. пиво, 2 корена магдонос, 2 моркова, 4 компири. Добро се загрева маслото и на него се пржи месото, исечено на помали парчиња. Кромидот ситно се ренда и се става заедно со исечканата сланина во лонец во кој се вари гулашот. Се динста десетина минути, а потоа се долева целата количина пиво, чаша вода, зеленчукот исечкан на коцки и сите останати зачини. Се вари на тивок оган еден и пол час.
Запечено цвекло
Потребно е: 400 г цвекло, 200 г моркови, црвен пипер, маслиново масло, ким, кари, рукола и вода. Излупете го цвеклото и исечкајте го на големи коцки, а истото тоа направете го и со морковите. Потоа измешајте со малку маслиново масло, додадете мелен ким, малку кари и црвен пипер. Ставете малку вода (само да го покрие дното на садот за печење) и печете поклопено во рерна околу половина час. Потоа тргнете го капакот, па печете уште 15 минути. Сервирајте со рукола, запечен бадем и наросете со урда.
Пица со праз, тиква и фета-сирење
Потребно е (за тестото): брашно, квасец, половина лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 1 дл масло и млака вода за замесување. За фил: помала тиква, еден страк праз и фета сирење по желба. Измешајте го квасецот заедно со шеќерот и топла вода, додадете една лажица брашно и оставете да нарасне. Измешајте го брашното и солта, а потоа додадете го квасецот и маслото. Замесете меко тесто со помош на млака вода. Тестото е подготвено кога не се лепи, но не треба да биде ни премногу суво. Потоа исчистете ја тиквата од семките и исечкајте на…
Ќофтиња од риба
Потребно е: 500 г риба без коски 100 г леб 250 мл млеко кромид 50 г путер 3 јајца сечкан магдонос сол, црн пипер 3 лажици маслиново масло 8 чешниња истолчен лук јаболкова киселина сок од лимон сенф кечап Оставете го лебот во млекото да се натопи. Исечкајте ја главицата кромид и пропржете на путер. Исцедете го лебот и додадете ја исечканата риба, јајцата, кромидот и мирудиите. Сето тоа изгмечете го и направете мали ќофтенца. Пржете ги на масло. Доколку сакате прилог, измешајте го лукот со киселината, сокот од лимон, сенфот и…
Здрава салата со прокељ и бадеми
Потребно е: 500 г прокељ, 150 мл кисела павлака, 100 г моркови, 2 чешниња лук, 50 г путер, 50 г бадеми, сол и црн пипер. Измијте го и исчистете го прокељот, по желба оставете ги цели главиците или исечете ги на половина. Во сад за готвење ставете путер и неколку секунди пропржете ги бадемите, да добијат златна нијанса. Додадете малку сол и црн пипер, и ставете ги во чинија за салата. Во ист или поголем сад на умерена температура стопете го остатокот од путерот, па ставете го прокељот и ситно исечканиот лук. Посолете и…
Пилешкo во бело вино
Потребно е: -500г пилешкo месо (по желба) - масло - путер - 2 чешниња лук - 250 г шампињони - 100 г морков - рендана кора од портокал - сок од портокал - бело вино - ѓумбир - сол, црн пипер Во поголем сад загрејте ги маслото и путерот, додајте го истолчениот лук и динстајте на тивок оган. Додајте ги тенко исечените печурки и пилешкото месо. Добро измешајте, додајте морков,сечкан на ленти, сокот и кората од портокал, виното, црн пипер и сол, и на крајот, ѓумбир по желба. Поклопете и оставете на тивок оган уште 10 минути.
Домашни ароматични кифлички
Потребно е: - 400 г бело брашно - 200 г путер - 2 јајца - 1 лажичка сол - вода - 350 г бело сирење - 350 г сирење фета - мускатно оревче - свежа жалфија (или друга ароматична билка ) - 1 јајце Измешајте ги брашното и солта во еден сад и додајте го путерот. Мешајте се` додека не се соедини, а потоа додајте ги водата и јајцата и месете се` додека смесата не стане мазна. Оставете да отстои еден час во фрижидер. Измешајте ги сирењата и додајте го мускатното оревче. Загрејте малку путер и додајте ги листовите жалфија. Пржете се`…
Њоки по ваш вкус
Потребно е: - 500 г њоки - 250 г спанаќ или доматно пире -150 мл павлака - 75 г пармезан - две чешниња лук - маслиново масло - мускатно оревче - сол - црн пипер Загрејте го маслиновото масло во сад и пропржете го исечканиот лук. Додајте го спанаќот и динстајте додека не омекне. Оваа мешавина иситнете ја во блендер, па додајте ја павлаката, солта, црниот пипер и малку мускатно оревче. Сварете ги њоките според упатството, исцедете ги и измешајте ги со сосот. Доколку не се одлучите за спанаќ, смешајте доматно пире, и додадете…
Аспарагус – одличен за намалување на холестеролот
Аспарагусот порано се сметал за деликатес, кој можел да се најде само на трпезите на богатите. Денеска, овој суперпродукт е достапни за сите - може да го купите на зелените пазари и во супермаркетите. Аспарагусот има богата нутритивна вредност - содржи витамини А, К, Б, Ц и Е, фолна киселина, железо, бакар, влакна, манган, калиум, холин, цинк, магнезиум и селен. Тој е нискокалоричен, во 100 г аспарагус има само 20 калории што го прави идеален прехранбен производ за губење на тежината. Благодарение на сапонините и…
Пржен ориз
Потребно е: 50 г сланина исечена на тенки ленти, 4 јајца, поголема главичка иситнет кромид, малку масло и сол, 100 г пропржен грашок и 200- 300 г варен ориз. Наместо сланина, може да се користи кое било друго месо, а наместо грашок, кој било друг зеленчук или мешавина од зеленчук. Сланината и кромидот се пржат една и пол минута, се додаваат изматените јајца и оризот, се прави кајгана и на крајот се додава малку пропржен зеленчук. Сето тоа се промешува за да се соедини. Можете да додадете и доматно пире со мирудии.