Browsing Category
Што за ручек
Пирошки од бајат леб
Потребно е: 1 бајат леб, 2 јајца , 100 грама кашкавал или сирење, 100 грама салама, малку млеко и 200 грама презла. Лебот го кршиме на ситни парчиња и му ставаме млеко за да омекне, па го оставаме да кисне околу 10-15 минути. Во меѓувреме ги сечкаме саламата и кашкавалот и ги матиме јајцата. Лебот малку го замесуваме, а потоа ги додаваме јајцата, саламата и кашкавалот. Ставаме и презла и убаво месиме за да се добие смеса од која може да се формираат пирошки. Пирошките ги поминуваме во презла и ги пржиме во загреано масло, да…
Протресен зеленчук
Потребно е: изгмечен лук, лута пиперка, 3 главици кромид исечкан на тркалца, 1 рака печурки, малку свежа зелка, маслиново масло, соја-сос и сусам Приготвување: тајната на оваа салата е во внимателното мешање на состојките. Во маслото ставете ги лукот и пиперката, а потоа кромидот и преостанатите состојки. Обидете се да не мешате, туку да протресувате. Ставете сол и црн пипер. За пет минути додајте соја-сос и сусам.
Посна руска салата
Потребни состојки: – 800 г печурки (свежи или од тегла) – 4 варени моркови – 500 г кисели краставички – 5 варени компири – масло – 200 г сенф – сол и бибер – сок од лимон Печурките, морковите и краставичките се сечкаат ситно. Се прави смеса од варените компири кои се матат со миксер како пире. Во нив се додаваат сенф, масло, сол и лимонов сок по вкус. Смесата се мати додека да згусне и се меша со сечканите состојки. Се промешува и се сервира.
Chef Светлана Цеца Димовска: Лиснати кифлички со кисело млеко
Потребно е: 1.400 гр. брашно 9 лажици кисело млеко 2 јајца 250 мл масло 2 коцки квасец 4 кафени лажички сол 2 кафени лажички шеќер. Тестото се меси убаво, но внимавајте, не треба да стасува туку да се размесува на набрашнета даска. Потоа се дели на 16 топчиња кои се расукуваат, секое посебно. Се премачкуваат сите кравајчиња освен последните две. Од 16 топчиња се делат по 8 кравајчиња на две места, се расукуваат првите 8 и се формираат кифлички. Всушност, обликот го одбирате сами, можете да правите триаголници, да ставате…
Chef Светлана Цеца Димовска: Ролнички со туна, булгур-салата и пудинг од јаболко
Chef Светлана Цеца Димовска ви дава можност денешното мени да го збогатите со нејзините интересни и вкусни рецепти. Ролнички со сардина и туна За овие ролнички ви се потребни 300 грама кори за пита, кои се редат по две, се попрскуваат со маслиново масло и се сечат на 4 дела. На секој дел се става фил и се виткаат ролнички. Од две кори се добиваат 4 ролнички. Откако ќе ги наполните ролничките, ставете ги да се печат- на 200 степени, се додека не поруменат. Фил: 200 гр туна 200 гр сардина 2 млади кромидчиња 1 домат (ситно…
Chef Маре Јаневска: Украински боршт и меки „пампушки“
Овој рецепт е навистина посебен и се подготвува натенане. Постои една стара украинска шега која гласи: „Ако сакаш добар вчерашен Боршт, дојди утре“, со што се истакнува комплексноста на ова јадење. Процедурата е следна: се сецка 1 голема главица кромид и се пропржува на малку масло. Потоа се додаваат 2 моркови, 1 зелена пиперка и 1 голем компир, сецкани на коцки. Дури тие се пржат, половина зелка се сече на крупни парчиња и се додава да се пропржи. Потоа се ставаат 2 лажици доматно пире, 1 чаша домашна салца и 1литар телешки…
Рецепти со лук
Освен што е незаменлив во разноразни додатоци, макала и пинџур, лукот можете да го користите како намаз во комбинација со домат, спанаќ или наут. Запечен лук За убаво испечен лук, потребни ви се неколку главички на кои ќе им го исечете врвот. Ќе ги наросите со сол и омилена мирудија- оригано, бисилек и сл. Потоа, ќе капнете од маслиново масло и така подготвениот лук ќе го завиткате во фолија и ќе го печете во рерна околу 40 минути на 200 степени. Готов е кога е мек во средината. Вака подготвениот лук може да се употребува…
Chef Маре Јаневска: Телешка супа со зеленчук и домашни свилени резанци
Потребно е: 250г телешко месо со коска, свеж мешан зеленчук (кромид, морков, целер, пашканат, брокула, карфиол), ловоров лист, свежи резанци со јајца. Телешкото месо се мие и се вари околу час и половина. За тоа време се подготвува зеленчукот, се лупи, се сецка по желба, пожелно е брокулата и карфиолот да откиснат во ладна вода со малку сода бикарбона. Затоа и овие два зеленчуци се додаваат на самиот крај од готвењето, затоа што им е доволно да се варат само 2-3 мин, за да ја задржат својата хранлива вредност. Значи, откако…
Чорба од цвекло
Потребно е: 300 г цвекло, 30 г путер, 200 мл млеко, 200 г кисела павлака, 5 г ким, 2 жолчки, 40 г брашно и малку сол. Исчистено цвекло се налева со вода и млеко и се вари, а на тоа се додаваат неколку зрна ким. Кога ќе се свари, се одделуваат неколку исечкани парчиња, а другото се пасира и се враќа во супата во која се вареше. Потоа се посолува. Одделно се мешаат жолчките, брашното и павлаката, путерот и се додаваат во врелата чорба. Се вари уште 5 минути. Откако ќе се излади, се става во фрижидер, пред да се послужи.
Егзотична боранија
Потребно е: 400 г боранија 1 супена лажица пржен сусам 1 лажица балсамико 1 лажица рендан ѓумбир 3-4 чешниња лук 1 кафена лажичка соја-сос половина лажица масло од сусам маслиново масло Исчистената боранија обарете ја во солена вода и ставете ја на салфетка да се исцеди. Изренданиот ѓумбир и истолчениот лук, соја-сосот, балсамико и маслото од сусам измешајте во шише за дресинг. Просушената боранија може да ја наредите во сад, полијте со дресингот и сипете пржен сусам. Вака подготвената боранија може да ја служите како прилог…